Овој знак може да биде многу сериозен.




Експертите велат дека постои специфичен знак кој открива дека компирот повеќе не е добар за јадење, но дека може да биде и опасен по здравјето.
Ако вашиот компир има зелени дамки, не го јадете, туку фрлете го. Зелената боја на компирот се јавува кога почнува да произведува хлорофил, што е природен процес.




Опасни бактерии
Кога ќе го забележите овој пигмент, тоа значи дека компирот исто така започнал да произведува соланин, компонента која штити од оштетување предизвикано од животни, инсекти, габи и бактерии.
Тоа е токсин што се наоѓа во компирот, а не само во зелените точки, и ако е на повисоко ниво, може да биде опасен за луѓето.




Особено е важно таквите компири да се држат подалеку од деца кои имаат многу помала телесна тежина, бидејќи можат посилно да ги почувствуваат последиците од труење со соланин.


