Доколку се подготвувате за слава или само би сакале да пробате нешто поинакво, овие рецепти ќе ве задоволат.




Идеите за посно мезе ќе им се најдат на многу домаќини и домаќинки. Брзо се прават, а вкусот сигурно ќе ве воодушеви.
1. Обланда со туна
Состојки: 1 лист обланда, 2 конзерви туна, 100 гр слатка пченка, 3 големи кисели краставички, 2 лажици пржен сусам, 100 гр маргарин, сол, бибер, кечап.
Подготовка: Ставете ја обландата помеѓу две влажни крпи за да омекне додека го подготвувате филот. Добро исцедете ја туната од маснотиите, па додајте го изматениот маргарин и сè заедно измешајте. Додадете сечкани краставици, пченка и сусам.




Соединете сè и премачкајте ја омекнатата обланда со филот, па замотајте ја во ролат. Оставете во фрижидер 2 часа да се стегне и украсете со кечап пред да го исечете ролатот.
2. Ролат од компир
Состојки: 1 кг компир, 100 гр маргарин, 200 гр варена и исчистена од коски риба, 200 гр спанаќ, 200 гр моркови, сол, бибер, 2 чешниња лук.
Подготовка: Компирите сварете ги во солена вода, исцедете ги, додадете маргарин и изматете. Намачкајте со масло три парчиња проѕирна фолија и направете три еднакви кори од пире.




Прво се става филот од сечкана риба и варен спанаќ зачинет по вкус. На втората кора се става мешавина од риба и варени, згмечени моркови, зачинети по вкус, а на третата мешавина од риба, спанаќ и морков.
Секоја кора завиткајте ја во ролат и ставете ја во фрижидер додека не се стегне за послужување. Се сече на прстени и се менуваат сите три вида.
3. Ролат со шампињони
Состојки: 500 гр тенка кора за пита, 800 гр шампињони, 2 средни главици кромид, 1 дл масло, 500 гр растително сирење, 400-500 гр кечап, оригано.




Подготовка: На масло пропржете печурки со кромид, посолете и побиберете по вкус. Првата кора тенко премачкајте ја со кечап, втората повторете ја со кечап (корите наредете ги една врз друга), само третата кора е фил од печурки, четвртата кора премачкување кечап, петтата кора рендано сирење, па кечап, печурки, сирење.
Корите не ги прскајте со масло има доволно масло во печурките. Повторувајте ги постапките додека не ги потрошите сите кори и состојките за ролатот.
Сето тоа свиткајте го во ролна, одозгора премачкајте го со една лажичка масло. Ставете да се пече во рерна загреана на 220 степени и печете 15 минути. Кога ролатот ќе се излади, исечете на дебелина од 2 см и послужете.




4. Посна шпанска пита
Состојки: 200 гр посно растително сирење, 1 чаша масло, 1 чаша брашно, 1 чаша пченкарно брашно, 1 прашок за пециво, 100 гр црвен пипер, 100 гр зелени маслинки, 1 чаша кисела вода, сол по вкус .
Подготовка: Растителното сирење изрендајте го, црвената пиперка и маслинките исечкајте ги на ситни коцки, измешајте ги сите останати состојки и истурете ги во тава. Печете 20 минути во загреана рерна.
5. Пита со кисела зелка
Состојки: 500 гр кора за пита, 1 кг кисела зелка, 300 дл масло, 300 дл вода, малку сол.
Подготовка: Зелката исечкајте ја ситно и ставете ја да се динста во масло и додадете 300 дл вода. Кога зелката ќе омекне, тргнете ја од шпоретот и оставете да се излади.
Се ставаат две кори, па ред зелка, па две кори, па ред зелка и на крај се тркалаат. Постапката повторете ја со останатите кори и зелка. Питата ставете ја во намрсена тава и печете во загреана рерна на 180 степени 45 минути.


