Триењето на рацете може да помогне ако страдате од висок шеќер во крвта.




Одржувањето на стабилно здраво ниво на шеќер во крвта помага во борбата против дијабетес тип 2, а ја подобрува концентрацијата и општото здравје на организмот.
Покрај балансираната исхрана која е неопходна, британските истражувачи препорачуваат триење на рацете, односно масажа на рацете, која може да помогне во одржувањето на здравото ниво на гликоза во крвта.
Најдобро е тоа да го правите пред јадење, со масирање на двете раце – треба темелно да ги триете прстите, дланката и грбот со кружни движења.




Оваа процедура ги опушта чувствителните нерви во рацете и ги отвора артериите, па шеќерот побрзо стигнува до клетките на кои им е потребен. Ова ја намалува варијацијата на шеќерот и ги прекинува „брановите“ на раст кои можат да бидат ризични.
Исто така, се ослободува и допамин, кој влијае на вашето расположение, па концентрацијата ќе ви биде подобра во следните час и половина по масажата.


