Рецепт за масло од глуварче – помага при болки во зглобовите, отечени гради и ја ублажува главоболката!




Глуварчето е исклучително лековито растение, а во народната медицина се користат речиси сите делови. Листовите од глуварче се одлични за пролетна детоксикација, цветовите се користат за правење мед од глуварче и се полни со антиоксиданси.
Посебно е лековит коренот кој позитивно делува на имунитетот, ги намалува воспалителните процеси во организмот и се препорачува за здравјето на црниот дроб.




Маслото од глуварче не се јаде, туку се користи како гел за ублажување на болки во зглобовите, вкочанет врат, главоболки од синусите, но и отечени и болни гради.
Се нанесува на отечени и болни гради поради ПМС, цисти или други заболувања кои предизвикуваат непријатна болка. Се користи за масажа на цело тело, а за дополнително опуштање и антистрес ефект можете да додадете и малку лаванда.




Потребни состојки:
- Цвеќиња од глуварче
- Ладно цедено масло по избор (маслиново, масло од авокадо, масло од семки од грозје, бадем, кокос)
Начин на подготовка: Соберете цветови од глуварче, но целосно отстранете го зелениот дел (стеблото и листовите под цветот). Цветовите измијте ги, па оставете ги на салфетка да се исушат.




Кога ќе се исушат, наполнете половина од малата тегла со цветови, а потоа прелијте ги со масло, за целосно да ги покрие цветовите. Затворете ја теглата со газа која можете да ја прицврстите со ластик.
Оставете ја теглата на прозорецот (на сончевата страна од куќата) да отстои околу две недели. Процедете го маслото, истурете го во стерилно шише и чувајте го на ладно и темно место.




Користете го по потреба за споменатите намени. Во видеото подолу погледнете ја деталната процедура за подготовка на маслото од глуварче!
@evilicequeenn #duet with @evilicequeen2 #fyp #witchcraft #witch #esofam #ravensoftiktok #witchtok #witchywoman #witchy #oils #diy #dandelion



