Руски природен лек против болести: еве како може да Ви помогне лековитиот квасец од цвекло (РЕЦЕПТ)

Лековит квасец од цвекло – еве како да го направите! Квасецот од цвекло е многу корисен, содржи компоненти кои ја активираат работата на црниот дроб, бубрезите и цревата.

Резултатите од некои медицински истражувања покажуваат дека консумирањето квасец од цвекло го спречува развојот на тумори, го чисти црниот дроб, телото од токсините и другиот „отпад“, го елиминира запекот и другите цревни проблеми.

Руската традиционална медицина го смета квасецот од цвекло за најдобар немедицински лек за хипертензија, бидејќи го нормализира крвниот притисок (го намалува) на подолг временски период и е корисен при атеросклероза.

Рецепт:

Потребни состојки:

  • Стаклена тегла од 3 литри (подобар е глинениот сад, ако имате)
  • 700 гр цвекло (приближно 3 свежи цвекла со средна големина)
  • 2 лажици брашно или 2 парчиња ржан леб
  • 200 гр шеќер
  • 100 гр суво грозје

Начин на подготовка:

Земете свежо измиено цвекло и исечете го на коцки или тенки парчиња и ставете го во чиста тегла. Додадете суво грозје, 2 лажици брашно и 200 гр шеќер. Наполнете ја теглата со ладна провриена вода и промешајте.

Затворете ја теглата со капак или уште подобро завиткајте ја со дупла газа и оставете ја на топло место 6-7 дена да ферментира. Измешајте ја содржината на теглата двапати дневно и отстранете ја пената доколку е потребно.

По 7 дена процедете ја смесата низ газа и ќе добиете квасец од цвекло. Пијте 3-4 лажици 3 пати на ден пред јадење. Чувајте го квасецот во фрижидер.

Овој метод го користат лекарите во некои болници во Киев и Луганск, бидејќи покажа одлични резултати не само за чистење на црниот дроб, туку и на целиот организам. И како одличен лек за хипертензија и атеросклероза.

Направете пауза од 3 месеци и повторете го третманот. Повторно, пауза од 3 месеци и повторете го третманот по трет пат.

Постојат и контраиндикации:

Квасецот не се препорачува за оние кои имаат заболени бубрези, проблеми со гастроинтестиналниот тракт во акутната фаза и гихт. Во секој случај, важно е да се консултирате со лекар пред да го користите овој природен лек.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...