Кога нашиот организам станува кисел, го разградува имунолошкиот систем и е идеална средина за развој на многу болести. За да го доведете телото во рамнотежа, направете алкална вода со лимон.




Доколку јадете многу индустриска, нездрава храна, слатки, живеете стресен живот, пушите, пиете алкохол, во вашето тело преовладува кисела средина која го ослабува имунолошкиот систем на организмот.
Симптомите на оваа состојба може да вклучуваат чести настинки, бронхитис, зголемување на телесната тежина, нарушувања на спиењето, замор, вртоглавица, лош квалитет на кожата, ноктите и косата…




Постојаната киселост може да предизвика голем број на болести – дијабетес, остеопороза, па дури и тумори. Затоа е важно да одржуваме рамнотежа помеѓу киселините и базите во нашето тело.
Покрај правилниот избор на намирници, можете да подготвите и алкална вода. Ги хидрира нашите клетки, што е клучно за правилното функционирање на телото, а со тоа го подобрува општото здравје.




Истражувањата покажуваат дека клетките на туморот не можат да се формираат во алкалната средина на нашето тело. Алкалната вода му помага на телото поинтензивно да се ослободи од токсините, го забавува процесот на стареење, го регулира нивото на pH, го подобрува варењето и е добра како превенција за многу болести.
Како се подготвува алкалната вода?
Потребни состојки:




- 1 лимон
- 2 l вода
- 1 лажичка хималајска сол
Начин на подготовка:




Во поголемо шише истурете вода, сок од лимон и сол. Оставете да отстои преку ноќ на собна температура. Следното утро испијте чаша вода во мали голтки на празен стомак.
Постепено зголемувајте го утринскиот внес на алкална вода додека не достигнете 500 ml. Остатокот од водата можете да го користите во текот на денот наместо обична вода.




Забелешка: За да ја намалите киселоста на телото, мора да внимавате на исхраната и другите нездрави навики.


