Кралицата на есента не само што е мирисна и вкусна, туку и многу здрава




Експертите ќе ви ја препорачаат доколку сакате да го зајакнете имунитетот, бидејќи е богата со витамини А и Ц, цинк, магнезиум, железо, фолна киселина и антиоксиданси.
Ако страдате од ревматизам, гихт или проблеми со бубрезите и мочниот меур, искористете ја лековитата моќ на тиквата. Дијабетичарите треба да ја вклучат во нивната редовна исхрана, бидејќи го намалува нивото на шеќер во крвта.




Тиква во служба на здравјето
Кинеските научници тврдат дека екстрактот од тиква го стимулира производството на инсулин и ги регенерира оштетените клетки на панкреасот, додека корејските истражувачи заклучиле дека е одлична во борбата против кандида.




Добра е и за оние кои сакаат да ослабат, бидејќи содржи многу малку маснотии.
Тиквата е исклучително вкусна кога се јаде печена во рерна и посипана со цимет, уште подобра е во колачи, но најздрава е кога се јаде сирова – во комбинација со некое друго овошје, во форма на смути.






