Според нумерологијата, секој број има посебна и магична енергија




Утре е 9 септември, датум кој има две деветки во себе и се нарекува огледален датум. Еве што ни носи овој магичен ден!
Утре 9/9 е еден од огледалните датуми што се случуваат само 12 пати годишно. Во однос на енергијата, ова се многу поволни денови кога добиваме подароци од универзумот.




Бидејќи е 9 септември, овој ден со нашите перспективи, можности и прилики ќе владее бројот 9. Еве што вели нумерологијата, на кој начин тоа ќе влијае на нас:
1. Бидете одлучни и храбри
Девет е предвесник на промени, па за да го подобрите вашиот живот, само треба да преземете акција. Ако ви треба промена во љубовта, мора да преземете иницијатива и отворено да и кажете на вашата сакана што ве мачи.




Слободните треба да почнат да излегуваат и да се забавуваат, активно да ја бараат својата сродна душа. Бројот девет ќе ви помогне да најдете некој што ве разбира и сака такви какви што сте. Бидете храбри и одлучни!
Доколку сакате да најдете нова работа или да ги зголемите приходите, во тоа ќе ви помогне бројот 9, но не смеете да седите со скрстени раце. Бројот 9 им помага на оние кои се подготвени да направат се за успех.




Таквите луѓе ги води на вистинскиот пат, покажувајќи им го најлесниот пат до целта. 9 септември е одличен ден да завршите некоја важна работа што сте ја започнале порано.
2. Преземете одговорност
Неопходно е да се биде објективен на утрешниот ден. Доколку се појави проблем, не обвинувајте ги другите, туку реално видете каде и зошто сте згрешиле.




Потрудете се да го решите, без да ја префрлате одговорноста на другите. Луѓето кои преземаат одговорност за своите постапки ќе добијат многу среќа од универзумот.
Деветките ќе ги наградат со сила и позитивност, ќе им помогнат да најдат нови цели, да ги одредат нивните приоритети и да разберат кон што треба да се стремат.




3. Научете да ги прифаќате луѓето такви какви што се
Ова е многу корисна вештина за оние кои сакаат да најдат нови пријатели и љубов, или да ги зајакнат постоечките врски. Деветките ќе откријат многу од нашите проблеми и оние што ги имаме со другите.
Можеби ќе дознаете некоја не толку пријатна тајна за вашиот пријател или ќе сфатите дека не го добивате она што го очекувате од врската од вашата сакана.




Ако целта ви е да ги зацврстите врските, а не да ги уништувате, тогаш ќе мора да ги прифатите недостатоците, т.е. лошите страни на оние за кои се грижите. Не ги осудувајте и не обидувајте се да ги присилувате да се променат за да ви одговараат подобро.


