Позната готвачка откри како се подготвува мелено месо. Триковите кои таа ги открила ќе го направат јадењето повкусно.




Готвачката Мел Алафачи има свој канал на YouTube полн со совети и трикови за готвење. Овој пат таа сподели неколку корисни совети за подготовка на мелено месо.
Советите кои таа ги покажа се спротивни од воспоставениот начин на подготовка на мелено месо. Имено, таа тврди дека месото прво треба да го ставите во загреана тава, без масло.




Според нејзините упатства, месото не треба веднаш да се меша, туку само кога ќе порумени и ќе мириса на скара. За мешање и кршење грутките на меленото месо, треба да користите само пластична шпатула наместо дрвена.
Таа тврди дека ако месото се приготвува на таков начин, нема да има потреба да се користи сос за месото да биде вкусно.




Таа сподели и неколку совети за подготовка на Болоњезе, кое сите често го прават. За да го подготвите овој сос, потребни ви се следниве состојки:
- мелено месо
- кромид
- лук
- оригано или мајчина душица
- моркови
- стебленце целер
- морско оревче
- маслиново масло
- говедски густин во прав
- сецкани домати
- паста




Додадете го месото во загреаната тава и не мешајте додека не порумени. Започнете со загревање на тавата, потоа додадете го меленото месо и не мешајте додека не порумени.
„Знам дека сте загрижени да не изгори, но оставете го меленото да порумени“, рече таа. Кога месото ќе зарумени доволно, измешајте го со пластична шпатула, а потоа додадете исечкан кромид и лук.




„Треба да има доволно масло од меленото месо. Ако не, додадете маслиново масло“, истакна таа. Потоа додадете билки, морско оревче, говедски густин во прав, ренданиот морков и измешајте.
На крај додадете ги сечканите домати, зеленчукот и пастата. Оставете да се крчка на тивок оган. Постапката на поготовка погледнете ја подолу во видеото.






