Оваа намирница ќе ви помогне да ослабете – особено им се препорачува на жените во менопауза! Тајната е во супер здравата кето намирница – авокадото!




На многу жени им е тешко да ја контролираат својата тежина за време на менопаузата. Многумина мислат дека се работи за лоша исхрана и недоволно вежбање, но всушност хормоналните промени можат да имаат подеднакво негативно влијание врз фигурата.
Кога нивото на естроген и прогестерон почнува да опаѓа, ризикот од зголемување на телесната тежина се зголемува. Здравата и урамнотежена исхрана, физичката активност и детоксикацијата се клучни за спречување на дебелината.




Има намирници кои треба да се избегнуваат, како шеќер, мрсна и премногу солена храна, брза храна итн… Но има и такви кои особено се препорачуваат и можат да помогнат во процесот на слабеење. Една од нив е моќното авокадо.
Едно средно авокадо има 234 калории, содржи здрави масти, но тоа не значи дека ќе се здебелите со консумирање на оваа суперхрана. Ова овошје има совршена комбинација на растителни влакна и масти, а истражувањата покажуваат дека по конзумирање на авокадо ќе бидете сити долго време и ќе ви се намали апетитот.




Студијата заклучува дека луѓето кои јадат авокадо имаат тенденција да јадат помалку во текот на денот и консумираат помалку калории кога јадат авокадо за ручек, што резултира со губење на тежината.
Исто така, авокадото се смета за храна која може да го балансира естрогенот. Авокадото има шеќер наречен манохептулоза, а овој шеќер помага во начинот на кој вашето тело го користи инсулинот – помага да се намали отпорноста на инсулин.




Значи, во суштина, авокадото е совршена комбинација на масти, влакна и јаглехидрати од растително потекло кои му сигнализираат на вашето тело да согорува повеќе масти.
Овој природен процес го спречува телото да складира повеќе масти. Наместо тоа, телото оди во режим на согорување маснотии, поради што авокадото го нарекуваме „кето храна“.




Освен за слабеење, авокадото е одлично и за зајакнување на имунитетот, содржи повеќе калиум од бананите, богато е со влакна, разни витамини и минерали, го намалува холестеролот и е одлично за здравјето на очите и видот.


