Враќањето на зимското време е поврзано со појава на депресија, како и зголемен апетит, покажуваат истражувањата.
Губењето еден час попладневна светлина предизвикува или продлабочува депресија кај ранливите лица. Секој што страдал од депресија долго време може да доживее влошување на симптомите.
Карактеристични симптоми се недостаток на енергија, летаргија, посилен апетит, нарушувања на спиењето, зголемена желба за слатки и намалена сексуална активност. Затоа, бидејќи има помалку сонце, потребно е да се балансира исхраната.
Јадете риба, сирење, жолчки …
Храната богата со витамин Д треба да се вклучи во исхраната, како што се риба, говедски црн дроб, жолчки, сирење и млечни производи, печурки и квасец.
Од друга страна, зимското време има поволни ефекти. Според научниците, утврден е намален број сообраќајни несреќи и помала стапка на срцев удар.


