Ова е лесен начин да го одзатнете мијалникот. Најголемиот кошмар на сите домаќинки е затнат мијалник.




Доколку забележите дека водата од мијалникот полека истекува, веднаш реагирајте. За овој трик не ви се потребни хемикалии, туку само три состојки кои сигурно веќе ги имате во кујната.
Најпрво исцедете ја водата од мијалникот и истурете вреќичка прашок за пециво и сода бикарбона низ решетката во одводот, како и лажица сол. Потоа прелијте ги со 2 литри врела вода.




По 20 минути, одводот треба да се одзатне. Пуштете ја водата од чешмата и проверете. Доколку е потребно повторете ја постапката.


