Со овој супер трик повеќе нема да се грижите за како да ги отворите теглите со вашата омилена зимница.




Сигурно често ви се случува кога сакате да појадувате, да не можете токму тогаш да отворите тегла од омилениот џем или ајвар. Тогаш домаќинките обично посегнуваат по нож или вилушка за да го исфрлат воздухот под капакот, но овој трик не секогаш функционира.
Доколку не знаете што да правите во таа ситуација, имаме неколку едноставни решенија. Со овој брз трик ќе ја отворите теглата со добро затворен капак за околу 10 секунди.




Се што треба да направите е накратко да го ставите делот околу капакот под млаз топла вода. Топлината ќе го омекне она што го држи капакот и многу лесно ќе ја отворите теглата.
Теглата можете да ја отворите и така што ќе ја потопите во сад со топла вода, но држете го капакот под вода. Следниот пат кога ќе имате потешкотии при отварањето на теглите со вашата зимница пробајте некој од овие трикови и скратете си ги маките.






