Нашата пророчица Баба Ванѓа им давала совети на луѓето за сите работи, вклучувајќи ја и хербалната медицина.




Билката, која десетици луѓе ја пробале по препорака на баба Ванѓа, се викала омајниче. Таа го препорачувала омајничето како најдобра билка за слабеење.
Омајничето претставува повеќегодишно тревно растение, кое се среќава на засенчени тревни места низ целата територија на нашата држава. Постојат четири типа на омајниче: црвено, поточно, родопско и урбано.




Според баба Ванѓа, добро е да ставите 100 грама омајниче во врела вода пет минути. Откако водата ќе се олади, процедете ја билката и пијте ја течноста во продолжение на три дена.
Исушените корени на омајничето имаат аналгетски, антисептичен и тонирачки ефект. Омајничето е добро за употреба кај луѓе кои имаат дигестивни проблеми, дијареа, хемороиди, како и главоболки, кашлица, несоница.




Билката е многу корисна и за луѓето кои имаат проблеми со спиењето или страдаат од недостаток на апетит. Однадвор, билката може да се користи за воспаление на очните капаци или воспалени непца.


