Со оваа енергија не смееме да си играме.




Експертите за фенг шуи веруваат дека секој предмет носи енергија, а со тоа што го чуваме во куќата ја пренесуваме таа енергија во нашиот дом. Затоа, според нив, треба многу да внимаваме што внесуваме во куќата и чии подароци ги прифаќаме и чуваме.
Се смета дека најлошото нешто што можете да го внесете во куќата е подарок од завидлив и злобен човек. Се верува дека овој предмет брзо ќе внесе кавги во куќата, дури и болест, развод …




Се верува дека луѓето кои ви завидуваат и воопшто не се среќни поради вашиот успех, семејство или бизнис, први ќе ви донесат подарок. Негативната енергија на оној кој подарува се пренесува и на предметот, кој делува тивко, но моќно од аголот на вашиот дом.
Како да препознаете предмет полн со негативна енергија?




Ако се чувствувате непријатно да делите подарок или имате чудно чувство секогаш кога ќе го погледнете, фрлете го предметот без каење. Не го ставајте на поткровје, подрум или слично, само фрлете го.
Некои веруваат дека е најдобро ваквите предмети и да се запалат. Верувајте ѝ на вашата интуиција кога станува збор за вакви работи!






