Ако овие работи во домот се секогаш чисти никогаш нема да бидете заразени.




Топлата вода и сапун или детергент лесно ја отстрануваат нечистотијата и се доволни за отстранување на повеќето микроби. Меѓутоа, за време на епидемијата или ако во домот имате член на семејството со ослабен имунитет, секако ќе сакате да ги зајакнете хигиенските мерки.
Можете да направите дезинфекција на домот со едноставно евтино средство за дезинфекција. Направете го сами, со мешање белило (хлор) со обична вода во количина од – 3 лажици белило (хлор) на 4 литри вода.




Внимавајте да не додадете ништо повеќе во овој раствор, особено не оцет или амонијак!
Можете исто така да користите и раствор од алкохолен оцет или водород пероксид – или едниот или другиот – растворени во вода во сличен сооднос. Никогаш немојте да мешате оцет и водород.
Истурете го растворот во шише со распрскувач и задолжително отворете ги прозорците пред да започнете со прскање. Попрскајте ги површините што сакате да ги дезинфицирате и оставете ги да стојат испрскани три до пет минути.




Потоа исплакнете, па оставете да се исуши (заштедете време) или избришете со сува крпа. Бидете сигурни да ги преземете следните мерки на претпазливост:
Ако користите купени течности за дезинфекција, внимавајте да не ги вдишувате нивните испарувања. Ако ги избришете работните површини во кујната, никогаш не ставајте храна на нив додека не се исушат целосно.




Подгответе и крпи за бришење, оние кои веднаш можете да ги ставите во машината и да ги измиете на програма со висока температура. Ако треба да ја напуштите куќата, не заборавајте да ги избришете следниве ставки кога ќе се вратите:
1. Рачки на вратите и прекинувачи за светло
2. Рачки на чанти и детски ранчиња
3. Парапети на скали и тераси
4. Закачалки




5. Фиксен и мобилен телефон
6. Далечински управувачи на ТВ
7. Клучеви и приврзоци
8. Рачки за чадори и нивните футроли
9. Ракавици – ако е можно, користете ракавици што се перат во периоди на зголемено внимание поради инфекција
10. Паричници и несесери.


