Православните верници и нашата православна црква денеска го слават Велики четврток




Велики четврток се празнува во спомен на последната вечера на Исус Христос, позната и како Тајна вечера, пред Јуда да го предаде.
Според верувањето, на денешен ден, Велики четврток, Христос ги собрал апостолите во Ерусалим на Тајната вечера. Според евангелските записи, Христос благословил леб и вино на Тајната вечера, им ги поделил на апостолите и им рекол:




– Земете, јадете, ова е моето Тело што се крши за вас, за простување на гревовите.
Потоа подигнал чаша вино:
– Пијте од него сите, ова е мојата Крв од Новиот Завет која се пролева за вас, и за многумина, за простување на гревовите.
Еден од апостолите, наречен Јуда Искариотски, излегол и Го предадол Христа за триесет сребреници.




Верувања на Велики четврток
Кај народот има различни верувања и обичаи, едно од нив е дека при празнувањето на овој ден не се прославува, туку само се прават собири.
Светата Тајна Причест е востановена на Велики четврток, поради што се верува дека гревовите ќе им бидат простени и на најголемите грешници кои ќе се причестат на тој ден, а постеле на вода најмалку пет дена пред причестувањето.




Православните цркви на Велики четврток прават миросување. Миро се готви три дена, од понеделник до среда, во котли во кои се става света вода, чисто вино и маслиново масло, а потоа разни масла, смоли, растенија и мириси. Се користат околу триесет супстанции.
Бојадисување Велигденски јајца
Скоро секаде кај нас, денес рано наутро пред изгрејсонце почнува бојадисувањето на велигденските јајца. Според обичаите, тие треба да бидат обоени најдоцна до Велика Сабота.




Исто така има обичај домаќинката која ги бојадисува велигденските јајца да не го прави тоа на гладно, туку да изеде барем еден залак леб. Се верува дека црквата го прифатила бојадисувањето на јајцата во 12 век, а кај нас овој обичај се јавува во 16 век.


