Изразот дека мудроста доаѓа со годините понекогаш се покажува како многу вистинит. Работите што ги учиме во нашите животи и искуствата што ги добиваме завршуваат повредни од богатство и остануваат со нас до крај.




Мудроста нè учи како да бидеме среќни, како да ги надминеме тагите и ни покажува што е навистина важно.
Затоа е најдобро да бараме мудрост кај оние луѓе кои искусиле повеќе од нас и ги собрале слатките плодови на животот – тоа се нашите баби.
Тие се мудри и честопати најдобри советници. Денеска ќе ви претставиме неколку вредни лекции кои сите можеме да ги научиме од нашите сакани баби.




Во продолжение ви ги претставуваме овие многу вредни совети на кои не научиле овие сакани жени.
Никогаш не се откажувајте. Сè уште сте млади, ќе имате многу тешки моменти, но не се откажувајте. Никогаш.
Бидете искрени. Сум лажела многу во животот. Сфатив дека кога си искрен со луѓето, тие ќе бидат искрени со тебе. Не е добро да се живее во лага, тоа го комплицира животот.




Видете што е можно повеќе од светот. Има толку многу што може да се види.
Дремете неколку минути секој ден. Одморот го освежува телото и духот.
Смејте се повеќе, погласно отколку што можете. Смеењето го продолжува животот.




Правете барем една работа во животот со страст. Ако чувствувате страст, тогаш сте живи.
Постои само една сигурна работа, а тоа е промената – треба да научите да се прилагодувате на неа.
Еден ден ќе сфатите дека сте изгубиле премногу време грижејќи се за било што. Затоа намалете ги грижите на минимум за било што.




Не го сфаќајте животот премногу сериозно. Внесете забава во се што правите.


