Маринадата е сигурен начин да се подготви вкусно месо. Сезоната на празници е идеална за собирање на семејството и пријателите.




Секоја дружба обично е придружена со подготовка на некоја храна, а месото е најчестиот „гостин“ периодов, па затоа ви предлагаме рецепт за вкусна маринада за свинско месо:
Состојки за маринадата:
- јаболков оцет – 100 ml
- маслиново масло – 100 ml
- мед – 3 лажици
- сенф – 3 лажици
- лук – 6 чешниња
- зачини по вкус




Измешајте ги сите состојки во сад додека не стане мазна смеса. Свинското месо исечкајте го на парчиња и превртете го во маринадата. Покријте го садот со најлонска фолија или ставете го капакот на садот и треба во фрижидер да отстои преку ноќ.
Пред да започнете со подготовка, оставете го месото да отстои околу 15 минути на собна температура. Печењето треба да биде по вообичаен начин за свинско месо. Добар апетит!






