Се верува дека како што почнува вашата година, така и ќе заврши.




Без разлика дали се сметате за суеверна личност, некои мали правила и ритуали се пренесуваат од година во година, така што на одреден начин станале дел од нашата култура. Можете да ги следите или не, во секој случај, забавно е да знаете дека некои од суеверијата за влез во новата година се точни.
Следниве се најчестите верувања кога станува збор за правилата на однесување кои важат за денот пред нова година, како и први јануари, а за кои се верува дека ќе донесат среќа следната година.




Новогодишна вечера
Кога станува збор за празничната трпеза, според некои култури, ако приготвувате јадење со месо, пожелно е тоа да биде месо од животни кои немаат крилја (затоа, без пилешко и мисирка). Според одредени народни верувања, тоа осигурува благосостојбата да остане во вашиот дом, односно среќата да не „одлета“ од вашата трпеза.
Работна година
Направете некоја симболична работа на првиот ден од Новата година, иако е празник. Ако сте добиле дневник на подарок, напишете го датумот, неколку зборови…




Размислете за работата барем неколку минути тој ден. Се верува дека овој чин симболизира дека ќе имате доволно работа во текот на следната година и дека тоа ќе го правите доброволно.
Бакнежи за среќа
Не заборавајте да ги споделите вашите бакнежи со вашите најблиски на полноќ. Ова се смета за потврда дека вашата љубов и интимност ќе продолжат и во наредната година.




Односи со другите
Слично на обичајот што важи за Божиќ, важно е и кој прв ќе влезе во вашиот дом по полноќ, односно на 1 јануари. Ова е важно бидејќи се верува дека оваа личност значително ќе влијае на вашиот живот во наредната година.
Пари
На самиот почеток на годината избегнувајте да позајмувате пари. Симболиката е јасна – укажува на тоа дека ќе имате финансиски проблеми во текот на годината, односно дека нема да имате доволно пари.




Ова верување секако не се совпаѓа со вашата претходна практика, а тоа е дека на 1 јануари не треба ништо да вадите од дома. Иако сите сакаме да разменуваме колачи, разни слатки и јадења кои сме ги подготвиле за новогодишната ноќ, сепак, според ова верување, тоа не треба да го правите.
Почестете ги сите ваши гости, тоа секако е добар знак, но кога ги посетувате другите, не носете ништо од храната. За тоа почекајте до 2 јануари.




Здравје на домаќинството
Во некои култури, перењето алишта на 1 јануари е неприфатливо. Имено, се смета дека перењето што било треба да се сведе на минимум, бидејќи тоа може лошо да се одрази на здравјето на домаќинството во следната година.
Исто така, потрудете се да бидете внимателни со садовите и воопшто со кревките предмети, бидејќи кршењето работи се смета за несреќен случај.






