Напитокот од ленено семе ќе ви помогне да го забрзате метаболизмот и да го исчистите телото од токсините.




Ефективноста на лененото семе врз целиот организам е веќе научно докажана, а со овој напиток многу брзо ќе ги видите резултатите. Лененото семе е доброр за чистење на цревата и за регулирање на варењето, што придонесува за отстранување на насобраните токсини од телото, што придонесува за забрзување на метаболизмот.
Лененото семе е богато со протеини, растворливи влакна, железо и цинк минерали, но и витамини Б1, Б2, Ц, Е и провитамин А.




Еве како да направите пијалок од ленено семе:
Купете 200-300 грама ленено семе од продавниците за здрава храна. Секоја вечер две кафени лажички прелијте ги со два децилитри обична или зовриена вода (собна температура) и покријте го садот.
Така треба да остане преку ноќ бидејќи лененото семе ќе ослободи благ слуз. Се процедува наутро и најдобро е да се пие течноста на празен стомак.




Бидејќи се богати со масла и влакна, овие семиња се и одличен лаксатив. Омега 3 масните киселини, кои се наоѓаат во ленот, имаат антиинфламаторно дејство.
Многу клинички студии покажаа дека со ова растение можете да помогнете при проблеми со висок холестерол и некои срцеви заболувања. Ленот е одличен начин да го смирите стомакот, да ја обновите слузницата и да го подобрите вашето здравје.




Оваа слуз ги содржи сите свои лековити својства. Тие ја обложуваат заболената гастрична слузница, штитат и го ублажуваат воспалението.


