Го заштитува СРЦЕТО, го зачувува ВИДОТ, го забавува СТАРЕЕЊЕТО на кожата и за сите е лесно достапно

Лубеницата и дињата се неизбежен дел од секое лето и се едни од главните асоцијации во топлите денови.

Не можеме да кажеме дека барем еднаш не сме разговарале кое од тие две овошја го преферираме, дали сме за црвеното или за жолтото. Во секој случај, имаме многу придобивки од двете.

И двете имаат потекло од Африка, а денес се повеќе се застапени кај нас. За да одлучиме кое од двете да го избереме следниот пат, ќе ги наведеме нивните предности.

Лубеница

Добра е за здравјето на срцето
Лубеницата е богата со ликопен, антиоксиданс кој позитивно влијае на работата на срцето и крвните садови. Покрај ликопенот, присутен е и калиумот.

Калиумот го намалува ризикот од срцев удар, го намалува холестеролот и го регулира пулсот.

Го зајакнува имунолошкиот систем
Постои голема количина на витамин Ц кој го штити нашето тело и помага во одбраната од вируси и бактерии.

Помага во процесот на слабеење
Главниот состав на лубеницата е вода, и тоа со околу 90%, така што лубеницата е нискокалорично овошје и е идеална за сите оние кои сакаат да ослабат, и повторно да уживаат во вкусот на ова овошје.

Олеснување по напорна физичка работа и тренинг
Внесувањето на калиум ја ублажува мускулната болка и напнатоста.

Диња

Ги штити очите
Дињата содржи бета каротен, витамин Ц, лутеин и зеаксантин. Зеаксантинот е важен каротеноид кој се апсорбира во мрежницата на окото каде што делува како антиоксиданс и како заштита од УВ.

Го намалува ризикот од астма
Бета каротенот кој се наоѓа во жолтото и портокаловото овошје го намалува ризикот од астма. Истиот ефект го има и витаминот Ц.

Го регулира варењето
Поради изобилството на влакна и вода, помага во регулирањето на варењето, здравјето на дигестивниот тракт и исфрлањето на токсините од цревата.

Ја штити кожата и косата
Присутниот витамин А, кој е неопходен за производство на себум, ја навлажнува косата и е одговорен за нејзиниот раст. Неопходно е за чист тен и го намалува стареењето на кожата.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...