Многу малку домаќинки го сакаат пеглањето, а еве неколку трикови со кои можете да се ослободите од гужвањето на изперената гардероба – и тие се скоро бесплатни.




Пеглањето алишта е една од најомразените домашни работи за многумина (особено кога се натрупа еден куп чисти алишта).
Меѓутоа, за да ја скратите работата, можете да испробате неколку трикови кои го решаваат гужвањето и стутканата облека.
Мраз
Пробајте го овој трик ако имате машина за сушење алишта. Ставете три коцки мраз во машината, а потоа и алиштата. Вклучете ја сушарата на висока температура, а потоа оставете ја неколку минути, заедно со мразот.




Финтата е во тоа што додека мразот се топи, почнува да се формира пареа, што е слично на системот на функционирање на пеглата. Сепак, осигурајте се дека машината за сушење не е полна, туку ставете само неколку парчиња облека (две до три).
Алуминиумска фолија
Направете 2-3 топчиња од алуминиумска фолија (со големина на тениско топче). Ставете ги во машината додека се перат алиштата.
Се разбира: оцет
Измешајте оцет и топла вода (во сооднос 1: 3) во шише со спреј, и испрскајте ја облеката што претходно сте ја натопиле на гужвавите места од кратко растојание. Гужвањето треба да исчезне!






