Нашата православна црква и нејзините верници денеска го празнуваат светиот свештеномаченик Панкратиј




Свети Панкратиј е роден во Антиохија во времето на Исус. Откако слушнале за чудата на Христос, родителите на Панкратиј сакале да го видат Господ Чудотворец.
Заедно со Панкратиј отишле во Ерусалим, каде што го виделе Исус, ги слушнале Неговите зборови и ги виделе Неговите чуда. Таму Панкратиј се сретнал со апостол Петар.




Панкратиј се повлекол во една пештера во Понт, каде што го нашол апостол Петар и во договор со апостол Павле го поставил за епископ на Тавроменија на Сицилија. Во тој град свети Панкратиј почнал да прави големи чуда и управувал со црквата.
Меѓутоа, незнабожечкиот војвода Аквилин, откако слушнал дека целиот град Тавромен станале христијани, тргнал со војска да го собори и да ги убиe сите христијани.




Сепак, Панкратиј го спасил градот со молитва и вера. Тој ги охрабрувал верниците да не се плашат, а носејќи крст во раката кога војската се приближила до градот, паднал мрак и ги зафатил страв.
Така Божјиот угоден Панкратиј го спасил градот. Подоцна бил каменуван до смрт, а неговите свети мошти се наоѓаат во Рим.






