На празникот Свети Јован Златоуст верниците се сеќаваат на неговото учење за трпение и простување, а еве кои обичаи се почитуваат …




Според црковниот календар, Свети Јован Златоуст се празнува двапати – на денот на празникот на 26 ноември, но и на 9 февруари, кога се одбележува денот на преносот на неговите мошти.
Светителот бил голем говорник, па оттука и неговиот прекар, а народот го сакал затоа што, со едноставни зборови, го толкувал Светото Писмо.




Неговите учења се цитираат и денес, а луѓето веруваат дека барем некои делови од Светото писмо или други поучни книги треба да се прочитаат во спомен на него.
Тој проповедал трпение, добрина и простување. Останале забележани овие негови цитати:




Ако одговориш со прекор на прекор, тогаш ќе запалиш оган.
Не е повреден тој што трпи зло, туку тој што прави зло.
Не бидете злопамтила ако не сакате да се навредите самите себе.
Нема ништо побезопасно од простувањето на непријателот; нема ништо поопасно од тоа да му се одмаздиш.
Вистинската вера не носи никаква корист во порочниот живот.
Нема поголема тиранија, која би била толку неподнослива, како навика; не ја нарекуваат за џабе друга природа.




На празникот Свети Јован Златоуст треба да се помират оние кои се скарани, а оние кои се навредени да простат. На овој ден, како и обично, жените не земаат игли и волна. Се верува дека ако конецот се прекине, тоа навестува смрт на ближните.


