Напиток за детоксикација по рецепт на актерката Блејк Лејвли – полн е со витамини и минерали, совршена комбинација од овошје и зеленчук!




Актерката Блејк Лејвли има едноставни, но здрави навики кога е исхраната во прашање, што се одразува на нејзината одлична фигура.
Таа не следи строга диета, но практикува одредени правила како избегнување алкохол, секогаш појадува, јаде четири помали оброци во текот на денот, исхраната и е урамнотежена а во чинијата и се наоѓаат само месо, зеленчук, салата и житарки.




Од јаглехидрати таа консумира само сложени јаглехидрати (скроб и влакна), па овесната каша, слатките компири и овошјето заземаат важно место во нејзиното мени.
Блејк Лејви јаде целосно природна храна, без адитиви и засладувачи и се труди што почесто да ги подготвува оброците дома.




Овој пијалок (смути) го пие на почетокот на секој ден – за детоксикација и снабдување на организмот со витамини и минерали. Еве го рецептот:
- 1 шолја кељ
- 2 листови блитва
- ½ чаша магдонос
- ½ помало цвекло
- ½ чаша сецкан ананас
- 2 средни зелени јаболка (може да се користи и црвено ако сакате пијалокот да биде посладок)
- 1 гранче свежо нане
- ½ лимон




Подготовка: Сите состојки истурете ги во соковник или блендер и мешајте додека не добиете еднолична смеса. Пијте на празен стомак.


