Етеричните масла се во центарот на вниманието веќе неколку години како ефикасен начин за опуштање.




Употребата на лаванда е предводник за овие цели, поради нејзиниот смирувачки ефект. Бидејќи периодот на кој сме сведоци е многу напорен психички, решивме да ви претставиме трик кој може да го ублажи насобраниот стрес во текот на ноќта.
Ако не можете лесно да заспиете навечер, на вистинската адреса сте… Целосно ве разбираме сите вас кои тешко заспивате, бидејќи сите ние секојдневно се соочуваме со предизвици.
Затоа, потрудете се да набавите квалитетно есенцијално масло од лаванда кое ќе го капете на перницата пред спиење. Како што минува минутата, ќе се ослободи мирис кој ги опушта мускулите и го намалува нивото на стрес, што е клучно.




Дополнително, со примената на овој совет лесно ќе се ослободите или ќе ги ублажите главоболките и грчевите во вратот и рамената. Лавандата применета во оваа форма ја намалува можноста за напади на анксиозност.
Резултатите од клиничкото испитување спроведено за списанието The Mental Health Clinician покажаа дека етеричното масло од лаванда не само што е добро за телото, туку и нема штетни својства.
Иако поединци веруваат дека тоа може да доведе до зависност и дека без него, откако ќе се примени, не може да се заспие, вистината е всушност спротивна.






