Силниот имунитет е важен во текот на годината, а не само во сезоната на вируси. Направете пијалок од лимон, ѓумбир и куркума!




Треба да размислуваме за здравјето пред да се разболиме. Кога сме нападнати од вируси, организмот е веќе ослабен и нема доволно сила да се бори, а на крајот завршуваме со треска, малаксаност, респираторни инфекции, кашлица…
Затоа треба да се води сметка за зајакнување на имунитетот во текот на целата година, не само во сезоната на вируси.




Разновидна храна и здрав начин на живот и физичка активност можат да бидат од голема помош во тоа, но има и одредени пијалоци кои можат да бидат дополнителна поддршка.
Направете таков кој е богат со витамин Ц, антиоксиданси кои ги елиминираат слободните радикали и ги спречуваат воспалителните процеси во телото, имаат антибактериско и антивирусно дејство.




Ќе ви биде потребно:
- Половина лимета
- Половина лимон
- 1 кафена лажичка куркума
- 1 кафена лажичка рендан ѓумбир
- Стап од цимет
- 1 лажица мед
- 2 кесички зелен чај
Начин на подготовка:




Сите состојки ставете ги во чајник или некој друг сад и прелијте ги со зовриена вода. Пијте по една шолја секое утро.
Деталната подготовка погледнете ја во видеото подолу:




@zamansbusykitchen Morning immunity boost tea #fyp #foryou #viral #trending #kszaman #lemon #lime #tumeric #immunityboost #immunity #weightloss #weightgain #topsecret


