Кога се пресечете, изгребете, паднете или добиете изгореница, секогаш е добро при рака да имате мелем за заздравување на раните – еве како сами да го направите по рецепт од народната медицина.




Нашата кожа секојдневно е изложена на многу влијанија, особено сега кога поминуваме се повеќе време во природа. Лесно се повредуваме, пресекуваме или добиваме некоја изгореница.
Во такви случаи, добро е да имате при рака маст, која ќе го забрза процесот на закрепнување и зараснување на раните. Антисептичка маст можете сами да направите, по рецепт на народната медицина.




Еве што ви е потребно:
- 50 мл екстра вирџин маслиново масло
- 2/3 шолја мешавина од сушени билки – цветови од невен, кантарион, комфри или жолт корен
- 2-3 лажици пчелин восок
- лажица мед
- 5 капки есенцијално масло по желба
Начин на подготовка:




Загрејте го маслиновото масло на 50 степени и полека прелијте ги тревките кои претходно сте ги здробиле. Добро измешајте, а потоа затворете го садот и оставете да отстои неколку часа.
Потоа протресете и оставете повторно. Повторете ја постапката во наредните три дена и потоа продолжете. Растопете го восокот на тивок оган, а потоа истурете ја тинктурата од билки и масло во него.




Додадете мед и есенцијално масло. Сè убаво измешајте за да добиете кремаста текстура. Добиениот крем истурете го во тегли или празни кутии од крем. Затворете и чувајте го во фрижидер. Мачкајте по потреба при здобиени повреди.


