Нутриционистот ги објаснува штетните својства на зелениот чај. Зелениот чај е исклучително здрав – полн е со витамини и помага при варење.




Покрај многуте благотворни ефекти врз организмот, многу луѓе денот го започнуваат со зелен чај, бидејќи тој е поздрава варијанта на кафе.
Сепак, малку е познато дека овој пијалок, исто како и кафето, може да доведе до зголемено ниво на стрес хормони, адреналин и кортизол, што дополнително доведува до зголемување на маснотиите во крвотокот.
Но, тоа не е единствениот негативен ефект на овој чај. Зелениот чај е богат со танини – го блокира железото, а исто така ја спречува апсорпцијата на калциум од храната.




Нутриционистката Светлана Фус вели дека постојат ситуации кога треба да се избегнува зелениот чај, а тоа особено важи за некои луѓе.
“Зелениот чај е богат со антиоксиданси, витамини Б, минерали, танини и кофеин. Има прочистувачка и бактерицидна функција.
Меѓутоа, во некои случаи зелениот чај може да биде штетен по здравјето. На пример, бремените жени треба да избегнуваат да пијат многу зелен чај бидејќи содржи кофеин и ја попречува апсорпцијата на фолна киселина.




Од истата причина, не треба да го користат луѓе кои боледуваат од глауком и хипертензија“, објаснува нутриционистот и додава дека зелениот чај освен на нивото на железо, негативно влијае и на апсорпцијата на калциум и магнезиум.
Како треба да пиете зелен чај?
Зелениот чај не треба да се пие со оброци, туку еден час по оброкот. Покрај тоа, танинот може да ги иритира мукозните мембрани, поради што овој пијалок не треба да го пијат оние кои страдаат од чир или болести на дуоденумот.
Дневниот внес на овој чај е три до четири шолји дневно, односно не повеќе од еден литар во текот на денот. Исто така, не се препорачува додавање шеќер во зелениот чај, ниту пак земање слатки додека го пиете овој пијалок.






