Млекото од куркума, на индиски – haldi doodh, е еден од најпопуларните пијалоци за подигнување на имунитетот, лекување настинки, грип, а се користи и за артритис и воспаление.




Напитокот, кој уште го нарекуваат и „златно млеко“, со векови се користи во Азија за борба против многу болести, а денес е еден од најпопуларните пијалоци.
Главната состојка е куркумата, која се состои од супстанца позната како куркумин. Куркумата има антиинфламаторно, антисептично и антиалергиско дејство, а помага и при респираторни проблеми, влијае на расположението и меморијата.




Ова млеко го подига имунолошкиот систем, го намалува крвниот притисок, го регулира метаболизмот.
Многу луѓе го подготвуваат со кравјо млеко, а ние откриваме необичен рецепт со ѓумбир и цимет и кокосово или бадемово млеко.




Рецепт за златно млеко:
- 1 чаша кокосово млеко (или бадемово)
- 1 стапче цимет
- 1 парче куркума, неизлупена и тенко исечена или 1/2 лажичка куркума во прав
- 1 парче тенко исечен ѓумбир
- 1 лажичка мед
- 1 лажичка кокосово масло
- 1/4 лажичка црн пипер




Подготовка:
Сите состојки измешајте ги со мерка од една чаша вода и ставете ги во мал сад. Почекајте да зоврие, потоа намалете го огнот и полека гответе околу 10 минути. Процедете во чаша и посипете со цимет во прав пред сервирање.






