Дали вообичаено го наместувате креветот веднаш по станувањето?




Веројатно повеќето ќе кажат „да“ затоа што оваа постапка не воведува во понатамошната организација на денот. Меѓутоа, зошто да почекаме малку со средувањето?
Проблеми со грини
Топлината и влажноста се идеална средина за развој и размножување на грините, а местото каде што спиеме е идеално. Корисниците на социјалните мрежи често споделуваат корисни совети, а сега имаме и еден поврзан со бубачки.




Доктор сподели необични факти за здравјето, а неодамна објасни зошто не треба да го местиме креветот веднаш по будењето. Тој објасни колку всушност се потиме во текот на ноќта и како тоа влијае на нашата постелнина.
– Ако го наместите креветот наутро, ќе се заробат грините кои се насобрале во текот на ноќта. Грините се помалку од милиметар, се хранат со лушпи од човечка кожа и успеваат во влажна средина – објасни тој.




Кога спиеме, нашите тела стануваат топли и испотени, што не прави главна цел за хранење на грините.
Овие штетници можат да бидат виновни за разни алергиски реакции, а наместувањето на креветот веднаш по будењето ја задржува целата влага во него и го прави идеално место за грините.




– Наместо тоа, оставете го креветот ненаместен на некое време. Ова ќе ги изложи грините на воздух и сончева светлина, што ги дехидрира и предизвикува нивно исчезнување – советува докторот.


