Рецепт за пијалок од тиквички за слабеење – искористете ја омилената сезонска храна со најмалку калории за подобро варење и отстранување на масните наслаги!




Тиквичките се една од омилените нискокалорични намирници – полни се со вода, витамини, минерали, хранливи се и можат да бидат исклучително вкусни.
Навикнати сме да пржиме тиквички, да подготвуваме разни солени јадења, па дури и колачи од нив, но оваа супер здрава храна можете да ја користите и во напиток за слабеење.




Тиквичките се полни со влакна, кои дефинитивно позитивно ќе влијаат на вашето варење, но и ќе помогнат во регулирањето на апетитот. Големите количини на растителни влакна помагаат да се намали апсорпцијата на мастите и се корисни во диета која има за цел да го намали нивото на холестерол и триглицериди.
Тие содржат и калиум и магнезиум. Еве еден рецепт за еликсир за слабеење во кој главна улога имаат тиквичките, а и други исклучително здрави состојки додаваат вредност.




Ќе ви биде потребно:
- 1 јаболко
- 2 помали зелени тиквички
- 4 листови кељ
- (1/2 см) парче ѓумбир
- ½ лимон




Начин на подготовка: Сите состојки истурете ги во блендер и блендирајте – ќе добиете густ и здрав сок. Ви препорачуваме да пиете по една чаша дневно за ужина помеѓу оброците.
Напитокот можете да го чувате во фрижидер неколку дена. Во видеото подолу можете да видите како да направите нискокалорични мини пици од тиквички!




@themodernnonna Zucchini Pizza Bites #pizzabites #zucchini #zucchinipizza #zucchinipizzabites #zucchinirecipes #lowcarbrecipes #lowcarb #lowcarbmeals #lowcarbsnack


