Еве како да отстраните дамка од чоколадо, не правете две вообичаени грешки!




Ако празничниот ручек вклучувал некоја убава чоколадна бонбона, или пак торта, можно е да дошло до несреќа и сега се прашувате како да ја отстраните дамката од чоколадо. Искусните домаќинки велат дека има две грешки кои го отежнуваат симнувањето, и го прават речиси невозможно!
Кога облеката или чаршафите се извалкани со чоколадо, никогаш не треба да го правите она што повеќето луѓе би избрзале да го направат – да ја ставите ткаенината под топла вода. И тоа е првата грешка.




Разбираме зошто би помислиле дека така треба, водата е топла, ќе го стопи чоколадото и ќе се „одлепи“ од ткаенината, нели? Не, само ќе навлезе уште подлабоко во влакната штом ќе се стопи малку.
Прво, обидете се да изгребете колку што е можно повеќе чоколадо со тап нож, како што е ножот за путер. Внимавајте да не ја оштетите ткаенината.




Потоа свртете го наопаку и оставете силен млаз ладна вода над дамката. Водата ќе ја „турне“ дамката кон површината, наместо уште подлабоко да ја впие кон задниот дел на ткаенината.
Можеби сега треба да посегнете по детергент за миење садови, мислејќи дека така полесно ќе ги отстраните дамките од храна? Не правете ја втората грешка, сега е време да ја истриете дамката со детергент за перење алишта.




Детергенот за перење алишта подобро ќе ги отстрани остатоците од чоколадото од детергент за миење садови. Потоа исперете ја ткаенината на вообичаената програма во машината за перење.


