Со овој едноставен трик, непријатниот мирис на пржениот кромид повеќе нема да се шири низ куќата.




Традиционалните јадења од нашата кујна се незамисливи без динстаниот кромид или праз, а често на сето тоа се додава и лук. Сепак, иако овој зеленчук на јадењето му ја дава таа препознатлива сладост и арома, за многу домаќинки ова не е омилен дел од подготовката на храната.
Целата куќа смрди од динстањето кромид, а миризот се „впива“ во гардеробата и косата, а понекогаш не е лесно да се проветрат просториите, особено во студените денови.




Виновникот за непријатните мириси е испуштањето на сулфур од кромидот при термичка обработка. Сепак, можно е да се избегне и оваа замка, и да се подготви вкусно зготвено јадење, без воздухот во кујната да добие непријатен мирис.
Трикот е да додадете една едноставна состојка, која повеќето од нас ја имаат во кујната, а тоа е сода бикарбона. Кога ќе го исецкате кромидот и ќе го ставите во тавче со загреано масло, задолжително додадете една лажичка сода бикарбона.




Ако количината на кромид е повеќе од половина килограм, додадете полна лажица и оставете го кромидот да се крчка како и секогаш. Освен што нема да шири непријатен мирис, кромидот ќе се згусне и ќе се олесни готвењето.
Исто така, ако јадењето што го подготвувате со динстаниот кромид бара правење на запршка, можете удобно да го прескокнете овој чекор – кромидот динстан со сода ќе му ја даде на јадењето потребната густина.




Овој трик го применуваат готвачите во големите ресторани и хотели. Пробајте и уверете се!


