Што се случува во телото кога ќе испиете 2 чаши топла вода на празен стомак – стара будистичка тајна на здравјето…




За здравјето и нормалното функционирање на организмот е неопходна редовна и секојдневна хидратација. Освен што влијае на здравјето, водата е наш сојузник во служба на убавината, но ни помага и да ја одржиме витката линија и да го стимулираме метаболизмот.
Тибетските монаси го применуваат лековитото дејство на водата на специфичен начин – секое утро пијат по две чаши топла вода. Се верува дека консумирањето топла вода поттикнува зачувување на младоста, ги подмладува клетките и го забавува процесот на стареење.




Дури и индиската природна медицина Ајурведа препорачува консумирање топла вода. Многу тибетски монаси со години го користат ова правило за добро здравје и долг живот, а еве зошто е добро да се пие топла вода:
Детоксикација
Конзумирањето топла вода ја зголемува телесната температура, па телото почнува да се појачува и да се поти и ги исфрла токсините од организамот, а во исто време и хидрира. Исто така, го олеснува протокот на крв во телото, ги стимулира метаболичките процеси, а со тоа и побрзо согорување на мастите.




Го стимулира варењето
Ако наутро испиете две чаши топла вода на празен стомак, таа благотворно ќе влијае на работата на цревата, ќе го подобри варењето, ќе го стимулира метаболизмот и ќе го намали ризикот од стомачни проблеми и запек.
Убавина и младост
Топлата вода е одлична за хидратација на кожата, но и за нејзина детоксикација, па затоа особено им се препорачува на луѓето кои имаат проблеми со акните. Со консумирање топла вода ја подобрувате еластичноста на кожата, ја хидрирате и ја намалувате појавата на брчки.




Слабеење
Според експертите, пиењето топла вода наутро ги подготвува цревата за остатокот од денот и може да придонесе за слабеење. Ги чисти цревата, спречува надуеност и го решава вишокот течности во организмот.
Исто така, ја зголемува основната телесна температура, што доведува до тоа телото да троши енергија за да ја намали температурата на нормала. Оваа потрошувачка на енергија го забрзува метаболизмот.




Ги релаксира мускулите
Конзумирањето топла вода го зголемува протокот на крв и им помага на мускулите да се релаксираат, додека пиењето ладна вода доведува до контракции. Оваа мускулна релаксација може да помогне при широк спектар на болки, од менструални грчеви до артритис. Може да ја ублажи и несоницата.


