Како да направите природни лекови од млади коприви – сезоната е на пат, користете го ова моќно и исклучително лековито растение!




Копривата со векови се користи во служба на здравјето, од корените до лисјата, за ублажување на настинки, детоксикација, спречување на воспаленија во организмот, како диуретик, за слабеење, нередовна менструација, респираторни проблеми и многу тегоби.
Копривата има бројни лековити својства, а често е и еден од водечките природни лекови во борбата против анемијата бидејќи е богата со железо. Затоа често се користи во исхраната и од веганите и од вегетаријанците.




Младата коприва е совршен прочистувач на крвта, го регулира шеќерот, може да помогне при проблеми со мокрењето (особено коренот), позитивно делува на коските и спречува задржување на водата во организмот.
Сезоната на млада коприва започнува на почетокот на пролетта, затоа одете во природа и искористете го ова лековито растение на следниве начини:




– Коренот од коприва се користи при зголемување на простатата, проблеми со полицистични јајници, за детоксикација на организмот, намалување на ризикот од воспаление и лекување на инфекции на уринарниот тракт.
Најчесто коренот од коприва се претвора во прашок, па се користи за правење тинктури, односно се раствора во алкохол.




– Од листовите од коприва се подготвува чај против анемија и камења во мочниот меур. Потребно е една лажица листови од коприва да се прелие со врела вода, и да се остави да отстои околу 20 минути. Процедете и пијте.
– Употребата на копривата во јадењата постои уште од античко време. Нашите баби често правеа супи од млади коприви, ги додаваа во варениот грав, а денес копривата се додава и во салати, смути и се сервира со сосови и прилози.




Ви пренесуваме рецепт за супа од млада коприва – лековит ручек:
Исчистете ги и измијте 300гр млада коприва во неколку води, па прелијте ја со топла вода за само да ја покрие и оставете ја да отстои околу 10 минути. Загрејте го маслото, па пропржете го кромидот, 1 млад кромид и 3 чешниња лук (се треба да се исецка).




Пропржете неколку минути, па зачинете, додадете бибер и пипер. Во добиената смеса истурете вода од коприва и измешајте. Гответе додека не зоврие, а потоа уште неколку минути додека да испари водата. Додадете кисела павлака или павлака за готвење по желба.
– Младата коприва може да се користи и за убавина, а особено се препорачува при опаѓање и за слаба и ретка коса. 400гр свежа коприва прелијте ги со вода, за сите коприви да се потопат во вода.




Покријте и оставете да отстои преку ноќ, а потоа процедете го следниот ден. По следното миење, добро исплакнете ја косата со оваа течност и тријте ги прстите на темето додека ја плакнете. Ќе забележите подобрување за неколку недели.
Забелешка: Пред да користите природен лек од коприва, консултирајте се со вашиот лекар.






