Во случај да сте го пропуштиле, започна снимањето на новото поглавје од серијата „Сексот и градот“ наречено „Сексот и градот: само така“. Како што можете да замислите, обожавателите на оваа серија беа воодушевени, и кога се појавија првите фотографии од сетот, сите се прашуваа само едно: како овие жени се уште изгледаат толку добро?
Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис влегоа длабоко во петтата деценија, што не може да се забележи на нив. А која е нивната тајна, открива главната актерка.
Како Сара Џесика Паркер ја негува својата кожа
– Ја мијам косата, забите и користам конец за заби. Ги бричам нозете и ставам дезодоранс. Моите ритуали за убавина се едноставни, призна Сара пред неколку години. Сара призна дека нејзиниот став кон убавината не се променил многу.
– Би било погрешно да се каже дека правам работи залудно. Но, мислам дека, како што минува времето, купуваме работи што ни се допаѓаат, учиме да се шминкаме на начин што не прави да се чувствуваме удобно. И на крајот да останеме верни на самите себеси на тој пат. И што ја прави Сара да се чувствува добро во нејзината кожа?
Хидратација
Сара призна дека не оди никаде без серум за хидратација.
– Го користам секој ден, а почнаа да го користат и моите деца.
Крем за сончање
Покрај навлажнувачкиот серум, Сара задолжително користи крем со заштитен фактор.
– Се обидувам да го применам секој пат кога излегувам надвор.
Кремаво руменило
Сара е поборничка за кремасти руменила и избира розово-праски бои кои одговараат на нејзиниот тен.
Бујна коса
Таа се обидува да користи хранливи маски на својата бујна, виткана коса, и секој пат после миење, регенераторот и спрејот се задолжителни.


