Ја чисти кожата, ја прави сјајна и ги брише брчките, ја зајакнува и косата, ја чува онаму каде што припаѓа (не на вашата четка) и ја прави посјајна.




Брчките не потсетуваат секое утро на изминатото време, па затоа не е чудно што толку многу луѓе одлучуваат за различни постапки, од ботокс до затегнување на лицето со цел да се обидат да го вратат времето назад.
Но, наместо да фрлате купишта пари на вештачки изглед, застанете покрај кујната и земете – квасец. Ако досега го користевте само во кујната, време е да го поправите тоа.




Квасецот е многу повеќе од “она што го подигнува тестото”
Благодарение на изобилниот витамин Б, квасецот има корисен ефект врз нашата кожа и коса. Ја чисти кожата, ја прави сјајна и ги брише брчките, и ја зајакнува косата, ја чува онаму каде што припаѓа (не на вашата четка) и ја прави посјајна. Затоа, одвојте малку време за себе и размачкајте се со квасец.
Рецепти за маски за лице со квасец




– За нормална кожа, измешајте коцка свеж квасец со три лажици топло млеко, нанесете на исчистена кожа и држете 15 минути.
– За мрсна кожа, разредете една лажица кефир со две лажици јогурт и додадете 1/4 коцка свеж квасец. Нанесете на исчистено лице и држете 20 минути, а потоа исплакнете со топла вода.




– За сува кожа измешајте половина коцка свеж квасец со неколку лажици топло млеко, лажица мед и лажица брашно. Мешајте додека не добиете хомогена смеса што ќе ја нанесете на исчистеното лице. Држете 20 минути, а потоа исплакнете со вода.
Нанесувајте ја маската еднаш неделно и вашата кожа ќе ви биде благодарна.






