Напиток за рамен стомак и слабеење – тајната е во псилиумот, растителен извор на влакна!




Здравата и урамнотежена исхрана е клучот за секое слабеење, заедно со физичката активност. Сепак, можете да го забрзате метаболизмот, да ја намалите надуеноста и да се ослободите од масните наслаги со консумирање влакна.
Влакната се составен дел на растителната храна. Ги има во овошјето, зеленчукот, житариците, а научно е докажано дека го намалуваат апетитот и го регулираат варењето.




Совршен извор на растителни влакна е псилиумот, кој можете да го најдете во здравата храна во форма на прав, семки и снегулки. Псилиумот е облик на влакна од лушпата на семето на индискиот ајдучки тревник и се користи како лаксатив во Индија.
Здравствените придобивки од псилиумот се многубројни: го подобрува здравјето на дигестивниот тракт, помага при слабеење, позитивно влијае на здравјето на срцето, го регулира шеќерот, помага при запек и ја намалува надуеноста.




Псилиумот често се користи за правење бесквасен леб, не содржи глутен, а се додава во колачи бидејќи докажано го намалува гликемискиот индекс и го спречува наглото ослободување на шеќер во крвта.
За овој напиток за слабеење, односно за рамен стомак, потребен ви е органски прав од псилиум, кој можете да го купите во подобро снабдена продавница за здрава храна.




Истурете две лажички псилиум во половина чаша вода и пијте ја еднаш дневно 30 минути пред оброците. Во видеото подолу е прикажано како изгледа псилиумот!
@flexwithfatu #flatstomach #weightlosstips #healthyliving #smallwaist #weightlosstips #fitmom #bodytransformation






