Природна бомба за зајакнување на имунитетот – потребни ви се 4 состојки, прави чуда на организамот! Еве го рецептот…




Главни природни состојки во борбата против вирусите, настинките и грипот секако се лимонот, медот, ѓумбирот и лукот, а кога ќе ги комбинирате овие моќни природни состојки полни со витамини, ќе добиете моќен лек кој може да помогне во ублажување на непријатните симптоми на настинка како што се кашлица, болки во грлото и температура.
Оваа смеса се нарекува природна бомба за имунитет, а можете да ја користите и превентивно за зајакнување на имунолошкиот систем и заштита на организмот од болести.




Идеален е за студени денови и сезони на вируси и грип. Лукот е природен антибиотик, лимонот е полн со витамин Ц, а ѓумбирот и медот се природни антиоксиданси – еве како од овие намирници да направите стар и докажан лек.
Потребни состојки:
- 6 чешниња лук
- 2 лимони
- 200 гр ѓумбир
- 300 гр мед




Начин на подготовка:
Излупете го лукот, изчистете го и згмечете го како каша. Излупете го лимонот, исечете го на ситни коцки. Исцедете го вториот лимон додека не го исцедите сокот.
Истурете ги исечканите лимони и сокот од лимон во сад со згмечениот лук. Излупете го стебленцето од коренот на ѓумбирот, исечете го ситно и додадете го во смесата со лукот и лимонот.




Во истата смеса додадете го медот и сè убаво измешајте додека не се соедини. Добиениот лек истурете го во тегла, покријте го и чувајте го на ладно и темно место.
Можете да земате по една кафена лажичка секое утро, а ако не ви се допаѓа вкусот, прелијте 1 лажичка од лекот со малку топла вода, промешајте и испијте.






