Простувањето претставува специфична точка на рамнотежа помеѓу среќата и омразата и носи можност за самозаздравување и самоослободување.




Моделот на простување и како да се прости:
Еверет Вортингтон, клинички психолог и експерт во областа на простувањето, беше тој што го формираше моделот што треба да ги води луѓето додека минуваат низ оваа фаза.
Суштината на простувањето е во ослободувањето на идеите за одмазда, омраза и горчина што ги носи непростувањето.




Бидејќи самиот чин на простување е тежок, моделот на Вортингтон, наречен REACH, обезбедува индивидуални чекори преку кои поединецот може ефективно да ја постигне својата цел, во овој случај, чувство на ослободување преку ослободување на негативните емоции и спомени преку простување.
1. Првиот чекор вклучува сеќавање на повредата (навредата) што сте ја доживеале. Овој клинички психолог нагласува дека е исклучително важно да си дозволите да го почувствувате и да го признаете интензитетот и големината на болката и гневот предизвикани од делото извршено врз вас.




2. Следниот чекор е да се обидете да го разберете сторителот и да се обидете да ја погледнете ситуацијата од негова перспектива, разбирајќи ги можностите и околностите со кои се соочувал сторителот во тоа време.
3. По овие две фази, личноста треба самa да одлучи и да избере дали на себе и на сторителот ќе му подари подарок во вид на прошка, без разлика дали сторителот ja барал или заслужил тaа прошка.




Имено, простувањето не е поврзано со сторителот, туку со одлуката да се ослободите од насилникот и да ја раскинете врската – маѓепсан круг помеѓу него и вашата болка и гнев.
4. Следниот чекор подразбира обврска во однос на јавниот настап кога станува збор за прошка. Иако звучи помпезно, овој чин всушност може да биде обичен разговор со психолог, советник, пријател или член на семејството, во кој жртвата гласно ќе изјави дека некому простува.




Овој чекор е направен со цел да се потсетите дека сте ја донеле оваа одлука и да застанете зад неа.
5. Последниот потег подразбира не отстапување од простувањето. Откако ќе одлучите да простите некому и на тој начин да се ослободите од таа личност и траума, бидете силни во својата одлука дури и кога средбите со болка, гнев и тага ќе ви го преплават умот и телото.




Важно е да се нагласи дека простувањето не смее да се меша со заборавот, бидејќи заборавањето на нечиј злобен чин не е препорачливо, мудро или секогаш можно.
Простувањето всушност значи ослободување од негативните емоции за поединци или групи, но не заборавање на делото или нужно обновување на каква било врска со сторителот (ите).






