Есента пристигна, а со променливото и често студено време, како и престојот во затворени простории, создадени се услови за чести настинки.




Симптомот на настинка кој најмногу не нервира е гребањето во грлото (пецкање, болка, тешко голтање) и може да трае долго.
Гргорењe солена вода
Доколку немате бактериска инфекција или страдате од сезонски алергии, најверојатно се работи за пад на имунитетот. Престојот во затворени и зачадени простории може да предизвика и болки во грлото.




Како тогаш да се ослободите од иритација на грлото? Одговорот е многу едноставен и може да се најде во вашата кујна.
Нашите баби и дедовци одамна ги открија лековитите својства на солената вода, а особено кога грлото се доведува во прашање. Она што го знаеја нашите постари, подоцна го потврди и медицината.




Солената вода го смирува непријатното чувство на гребење и болка навлажнувајќи ја иритираната слузокожа.
Рецепт како средство за плакнење на грлото
Додадете лажичка морска сол во 2 шолји зовриена и изладена вода (не може да се користи друга сол, освен морска сол) и мешајте додека целосно не се стопи.




Исплакнете го грлото неколку пати на ден, а по плакнењето обидете се да не јадете и пиете најмалку половина час.


