Ако не сакате да земате лекови, пробајте природен сируп против кашлица со мед.




Доколку чувствувате дека ќе настинете, тогаш задолжително направете го овој природен сируп од мед, маслиново масло и сок од лимон. Одличен е за кашлица, но и за алергии.
Пред употреба задолжително промешајте и загрејте. Консумирајте кога ќе почувствувате потреба.




Медот се користи за терапевтски и превентивни цели, а општо е познато дека е традиционален лек за кашлица и болки во грлото, за подобрување на крвната слика.
Кога на сето ова ќе додадете витамин Ц од лимон и маслиново масло, добивате сируп кој многу ќе ви помогне.




Состојки:
- 1,5 чаши суров мед
- 1/2 чаша маслиново масло
- сок од 5 лимони
Подготовка:




Во садот истурете мед, маслиново масло и сок од лимон, па промешајте. Гответе на средна топлина додека не зоврие, постојано мешајќи. Тргнете го од оган и оставете да се излади.
Истурете во стерилизирана тегла со капак и чувајте ја во фрижидер. По потреба земајте по една супена лажица.






