Еве рецепт за пијалок за слабеење и подобрување на вашата крвна слика




Се ближи пролетта и сите би сакале да ослабат, но знаеме дека тоа не е лесен процес. Нема магични формули или брзи поправки.
Затоа што се што е брзо дава краткорочни резултати и штом почнеме да се храниме нормално, килограмите се враќаат. Затоа, најдобро е постепено да слабеете, менувајќи ги навиките и не откажувајќи се од се што сакате.




Еден од најлесните начини да се имплементира овој план е со помош на смути. Во овие оброци можете да ставите различни состојки, да ги внесете потребните витамини и минерали и да се заситите.
Обидете се да најдете здрави алтернативи за вештачкиот шеќер – мед, овошје, урми, банани… Ставете ги во вашето смути, кое може да содржи дури и зеленчук, и сè ќе има подобар вкус кога ќе се заслади на природен начин.




На тој начин нема да почувствувате зголемена желба за „забранета храна“, а повторно ќе го намалите внесот на калории и ќе јадете похранлива храна.
Храната која се издвојува е цвеклото – исклучително важно за добра крвна слика, бидејќи содржи многу железо, има и калциум, витамин А… Го намалува крвниот притисок, ја забрзува работата на срцето.




На многумина не им се допаѓа неговиот коренест вкус, па најдобро е да го ставите во смути заедно со храната што ја сакате. Ви предлагаме рецепт за смути кое е здраво, вкусно, содржи протеини и железо и е добро за намалување на крвниот притисок и холестеролот:
- 3 урми
- 7 зрна грозје
- 1 лажичка чиа семе
- 1 кафена лажичка ленено семе
- 1 банана
- 1 цвекло
- една и пол шолја млеко по желба




Сите состојки надробени на парчиња ставете ги во блендер или нутри булет. Откако смесата ќе стане хомогена може да го конзумирате. Уживајте во вкусот!


