Лековито дејство на смилот – еве кои се неговите здравствени придобивки за организамот!




Смилот, познат и по називот имортел или како бесмртница, е неспоредлив во својата способност да ја поддржува регенерација на клетките и заздравување на ткивата.
Физичко ниво: има антикоагулантно и исклучително силно антихематско дејство (надворешно и внатрешно, дури и кога се работи за стари повреди); делува одлично против алергии, антиинфламаторно, аналгетик, антиспазмодично, како адстрингентно и муколитичко средство; има севкупен ефект на чистење и детоксикација.




Ја подобрува циркулацијата на лимфата и крвта, многу е добар за едем, флебитис, проширени вени, тромбоза, атеросклероза, хиперхолестеролемија; ја стимулира работата на црниот дроб, жолчното кесе, панкреасот и слезината; помага при задоцнување во функцијата на црниот дроб, како и закрепнување од хепатитис, цироза, хронична кашлица, корисен е при астма, бронхитис, хронична кашлица, голема кашлица, синузитис, поленска треска и тинитус.




Ментално/емоционално ниво: делува како тоник кој балансира, релаксира и го подигнува расположението; ублажува депресија, летаргија, нервна исцрпеност, состојби поврзани со стрес; помага за прилагодување на промените, да се надминат психолошките рани од минатото, да се најде цел во животот, носи внатрешен мир.
Нега на кожата: антибактериско, дезинфицирачко дејство, помага во зараснување и регенерација на раните (зрела кожа); одличен за модринки, рани, алергии; исто така корисен за целулит и стрии, изгореници, акни поврзани со розацеа, дерматитис, чешање, чиреви на кожата, егзема.






