Како да ги ублажите непријатните симптоми на проширени вени – во текот на летото и жештините се влошуваат, намалете ја болката по природен пат!




Во текот на летото и покачените температури, луѓето кои имаат проблеми со проширени вени може да почувствуваат влошување, па дури и појава на болка.
Високите температури може негативно да влијаат на циркулацијата, тонот на вените и проодноста на крвните садови. Доколку почувствувате некаква непријатност, неопходно е да се консултирате со лекар за помош.




Само топлината нема да предизвика проширени вени. Таа само ги влошува симптомите на веќе постоечката болест. Како да го спречите развојот на проширени вени во текот на летото? Ви носиме 7 природни решенија кои можат да помогнат:
1. Оладете ја кожата – Пливањето е одлично за намалување на температурата, што ја подобрува и циркулацијата на крвта. Не пливајте во најтоплиот дел од денот, туку изберете дел од денот кога е најпријатно да се поминува време во вода и активно да се плива.




2. Носете рамни чевли – Ако носите рамни чевли, оптоварувањето на ѕидовите на вените се намалува.
3. Движете се повеќе – За да им помогнете на вените, возете велосипед, пливајте или пешачете. Овие активности ја подобруваат циркулацијата на крвта.




Препорачуваме пешачење рано наутро или доцна навечер, кога не е премногу топло. Ладниот воздух ќе го забави ширењето на крвните садови.
4. Користете крема за сончање – Една од причините зошто вените се прошируваат во лето се сончевите зраци. Тие особено ги погодуваат луѓето со тенка кожа. Кремот ќе ја заштити кожата од сушење и ќе ви помогне да се заштитите од штетното УВ зрачење.




5. Пијте повеќе вода – Хидратацијата е исклучително важна за крвните садови поради неколку причини: ја подобрува циркулацијата на крвта и спречува проширување на вените.
Дехидрацијата често предизвикува отекување на нозете, па затоа ви препорачуваме да пиете доволно количество вода во текот на денот.




6. Подигнете ги нозете – Постои лесен начин да ја намалите непријатноста од проширените вени. Легнете на грб и кренете ги нозете под агол од 45 степени.
Останете во оваа положба 15-20 минути – ја подобрува циркулацијата на крвта и ќе го намали чувството на замор во нозете.




7. Ладни облоги – Ладните облоги можат да помогнат против болки како привремено решение. Ставањето облоги ќе ја подобри циркулацијата, ќе го намали отокот и ќе ја ублажи болката.
Користете обични облоги со потопување на крпа во ладна вода, истиснување и ставање на болното место. Исто така, можете да го изладите чајот од некое лековито растение и со него да направите облога. Ви препорачуваме кантарион, невен и магдонос.




Има уште неколку совети кои ќе ви помогнат при проширени вени, а еден од нив е контрастниот туш (туширање на нозете со наизменично топла и ладна вода).
Се препорачува да се носи удобна облека од природни ткаенини, да се избегнува брза храна и алкохол и да се борите против вишокот килограми, која е еден од причините за проширени вени.






