РЕЦЕПТ ЗА МЕД ОД ГЛУВАРЧЕ – ЧУДО ЗА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ И БРОНХИИТЕ, ЛЕСНО СЕ ПРАВИ: Лек на нашите баби против кашлица и силен имунитет!

Како да направите мед од глуварче – природен лек за кашлица и имунитет по рецепт на нашите баби!

Од корен до врв, глуварчето е лековито растение кое долго време се користи во народната медицина за лекување на разни болести.

Од ова растение обично се подготвуваат чаеви, од листовите се подготвува салата, но од цветовите можете да направите исклучително здрав и вкусен мед или џем од глуварче.

Медот од глуварче најчесто се користи за лекување на респираторни инфекции, го зачувува здравјето на белите дробови, го зајакнува имунитетот и е одличен за детоксикација.

Секое утро земајте по една лажичка мед од глуварче, ќе добиете одличен еликсир за здравјето на целиот организам.

Рецепт за мед од глуварче

Состојки:

  • 200 свежо набрани цветови од глуварче
  • 1 лимон
  • 1 портокал
  • 2 литри вода
  • 2 кг шеќер

Подготовка:

Важно е да се бере цвеќето во чиста и незагадена област, во природа и во рурална средина – каде што нема премногу автомобили, прашина, загадување. Соберете ги цвеќињата и целосно отстранете ги зелените лисја и стебла.

Важно е да останат само цветовите, па убаво да се измијат во ладна вода. Цветовите се ставаат во тенџере, се прелеваат со 2 литри вода и се варат на силен оган. Кога ќе зоврие, треба да готвите уште 20 минути.

Покријте го тенџерето за време на готвењето. После тоа се цеди и се истура добиената течност во поголемо тенџере, се додава шеќерот и се става да се готви на средна температура. Мешајте постојано додека не видите дека шеќерот се стопи и смесата се згусне.

Измијте ги лимонот и портокалот, па исечкајте ги и додајте ги во медот. Важно е плодовите да се од органско потекло, бидејќи мора да ги ставите во медот со кората.

Мешајте и варете додека медот не се згусне, па тргнете го од оган да се излади. Добиениот мед заедно со целото овошје истурете го во чисти тегли, покријте го и чувајте го на ладно и темно место.

Доколку не консумирате шеќер, истиот ефект можете да го постигнете доколку наместо шеќер во подготовката на медот од глуварче користите ливадски мед.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...