Направете сами сируп за зајакнување на имунитетот – рецепт за магичен и лековит пијалок!




Куркумата, ѓумбирот и медот спаѓаат во самиот врв на најмоќните природни лекови кои го зајакнуваат имунитетот и ги бркаат болестите, а освен по своите лековити својства, привлечни се и поради нивниот вкус.
Свежата куркума ја нема насекаде како сувата куркума, но може да се купи во продавниците за здрава храна. Се препорачува во комбинација со бибер, што го поттикнува неговото дејство.




За да направите домашна „волшебна напивка“ за здравје, ќе ви требаат и портокали и лимони, како и органски јаболков оцет. Додадете го сирупот во вода или чај за добро утро и чувајте го во фрижидер.
Состојки за сируп:
- 2 шолји квалитетен мед
- 5 см корен од ѓумбир
- 5 см корен од куркума
- 1 лажица куркума во прав
- 1 органски лимон
- 1 органски портокал
- 1/3 чаша органски јаболков оцет
- 1 прстофат бибер




Начин на подготовка:
Лимонот и портокалот убаво измијте ги, исцедете ги, а куркумата и ѓумбирот излупете ги и изрендајте ги. Истурете јаболков оцет во сад и измешајте го со сокот од лимон и портокал.
Изрендајте ја кората од лимонот и портокалот и додадете ги во смесата заедно со останатите состојки и убаво измешајте.




Оставете го преку ноќ во фрижидер, па следниот ден процедете го во цедалка, мешајќи да се одвојат сите поголеми делови.
Сирупот можете да го додадете во чајот или да го измешате со вода. Ако го додадете во вашиот чај, погрижете се да не е многу топол за да ги искористите придобивките од медот.






