Алое вера од пред новата ера до денес е незаменлив дел и на природното заздравување на кожата и како козметички препарат.




Ова е потврдено со првите напишани траги од ова чудотворно растение пронајдени на сумерските глинени плочи, стари 2100 години.
Алое гелот има антивирусни, антибактериски, антиоксидантни, антиинфламаторни и антиалергиски ефекти врз здравјето на луѓето. Се користи во козметика, во производи за лична хигиена и е се попопуларен како додаток во исхраната.




Кои проблеми ги решава Алое вера:
- Го забавува стареењето на кожата
Витамините А, Ц и Е го намалуваат и спречуваат создавањето на брчки.
- И ја дава на кожата потребната влага




Сувата кожа често е резултат на недостаток на минерали цинк и селен. Користењето алое ќе ги компензира овие минерали и ќе го спречи сушењето на кожата.
- Проблем со мозолчиња
Антивоспалителното дејство ги намалува воспалителните процеси на кожата, а неговите адстрингентни својства овозможуваат стеснување на порите на лицето и со тоа ја намалуваат веројатноста за појава на мозолчиња.




- Помага да се отстранат лузните
Алое вера со својот природен омекнувач кој ја стимулира хидратацијата на кожата делува на заздравување на оштетената кожа и го стимулира растот на здрав епител.


